Производи

Multi V 5

Производител: LG

Категорија:

Опис

Multi V 5 е VRF (Variable Refrigerant Flow) системот на LG кој користи еколошки R410A фреон како работен флуид за греење и ладење на простории, поради што овозможува истовремено греење и ладење на различни простории во ист објект. Надворешните единици се достапни во моќност од 8 до 26 HP и во комбинација со две до четири единици може да се достигне максимална моќност до 96 HP. Можат да се поврзат со ѕидни, плафонски и парапетни внатрешни единици, а преку контролерите на LG, подесувањата на системот може да се прават централно или посебно за секоја внатрешна единица. Идеални се за големи простории и објекти, особено повеќекатници.

Технички карактеристики

Достапен во ранг на моќности (според ладилен капацитет): 22,4 ~ 268,8 kW
Работен опсег при ладење -15 ~ +48°C
Работен опсег при греење -25 ~ +18°C
Макс. должина на цевководот на системот 1000 метри
Макс. должина на една цевка 225 метри
Макс. висинска разлика помеѓу надворешна и внатрешни ед. 110 метри
Макс. висинска разлика помеѓу внатрешни ед. на различен кат 40 метри
Напојување: трофазно 380 ~ 415 V

50 ~ 60 Hz

Поважни карактеристики

  • Dual Sensing Smart Load Control – системот ги детектира надворешните температура и ниво на влажност за да направи автоматски подесувања за режимот на ладење/греење во однос на сетираната температура, со што се постигнува намалување на потрошувачката.
  • Ocean Black Fin – црн надворешен слој на топлинскиот изменувач, појачан со епоксилна смола за дополнителна заштита од корозија, сол и прашина
  • Сертифицирана отпорност на корозија (Certified Corrosion Resistance) на топлинскиот изменувач
  • Режим на работа со ниско ниво на бучавост
  • Интелигентен систем на одмрзнување (defrost) на надворешната единица, кој се вклучува според наворешните температура и влажност на воздухот
  • Биометриски вентилатор со надворешна текстура како онаа на морските школки, која овозможува намалена бучавост, 10% поголем проток на воздух и 20% пониска потрошувачка на енергија на вентилаторот.
  • HiPOR (High Pressure Oil Return) – оригинална технологија на LG која овозможува враќање на маслото директно назад во компресорот, наместо низ всисната линија.
  • Може да функционира и како Heat Pump System, двоцевен систем ; и како Heat Recovery System, троцевен систем, со којшто може да се поврзе и бојлер за греење на санитарна вода.
  • Можност за поврзување со BMS (Building Management System).