Енергетска ефикасност

Енергетската ефикасност едноставно значи заштеда на енергија. Првенствено се постигнува со употреба на ефикасна технологија, процеси или производи со една крајна цел –  елиминирање на енергетските загуби.

Студиите покажаа дека ефикасните згради нудат можности за заштеда на пари, а истовремено и намалување на емисиите на стакленички гасови. Водени од таа цел, нашиот тим може да ви понуди:

  • Евалуација на потрошувачката на енергија во вашите простории
  • Предлози и решенија за намалување на вашите трошоци
  • Имплементирање и инсталација на предложените решенија

Секогаш сме во потрага по квалитетни и вредни кадри.