Системи за греење, ладење и вентилација

Нашиот инженерски тим е целосно посветен и обучен да изврши  целосна анализа на барањата на клиентите поврзани со HVAC (греење, вентилација и климатизација), од решенија за станбени куќи па сѐ до решенија за деловни згради, притоа секогаш земајќи ги предвид трошоците, функционалноста, траењето и одржувањето на опремата по нејзината инсталација.

Нудиме комплетен сет од услуги за HVAC-проекти кој опфаќа проектирање, инсталација како и тим за одржување кој ќе обезбеди квалитет на системот и постпродажни услуги, а со цел задоволство на клиентите.

Имаме докажано искуство потврдено преку голем број на реализирани проекти кои вклучуваат консултантски услуги, инсталација и услуги за одржување. Имаме посветен тим задолжен за климатизација и вентилација со кој на клиентот му обезбедуваме целосна услуга на едно место и нудиме решение за сите негови барања.

Одржувањето на HVAC-системите треба да се сфати многу сериозно, без разлика дали целта е да се намали трошокот за електрична енергија, да се подобри ефикасноста и да има помал број на поправки и помали шанси за дефект на  системот.

Нашиот професионален тим на инженери има долгогодишно искуство во сервисирање и одржување HVAC-системи од различни димензии, производители, тип на опрема и различни објекти каде се инсталираат системите, од мали станбени инвертери до чилери и VRF-системи за канцелариски простории.

HVAC-системот функционира најдобро и најоптимално кога редовно се сервисира и чисти. Еден дефектен дел може да предизвика домино ефект и дефект на целиот систем. Затоа имаме тим на техничари одговорни токму за овој конкретен дел од одржувањето на HVAC-системот. Чистењето се врши со специјална опрема за инспекција и чистење на системите за вентилација и климатизација. Оваа опрема го подобрува целиот систем и квалитетот на воздухот во затворен простор.

Предности кои ги нуди ФМС:

  • Единствено место за контакт – сите услуги на едно место
  • Управители со недвижен имот, Управители со објекти, Сметководство и Кредитна контрола – сите во една канцеларија
  • Обезбедување на услугите на доследен и координиран начин
  • Одговорност и висококвалитетни услуги
  • Јасни, издржани и стратешки совети
  • Одговорност и транспарентност

Секогаш сме во потрага по квалитетни и вредни кадри.