Реновирање и адаптација на деловен простор

ФМС може да ви обезбеди комплетно готово – клуч на рака решение за реконструкција, адаптација и опремување на вашата нова канцеларија или индустриски објект. Релокација на постоечката или пак отворање на нова канцеларија, ФМС ќе ви понуди најдобро решение кое ќе одговара на вашите потреби и барања. Можеме да го реновираме или да го адаптираме вашиот нов или постоечки објект.

Нудиме комплетно решение, почнувајќи од архитектонските цртежи, па сѐ до градежни работи и целосно опремување на вашата канцеларија. Нашиот тим ќе се погрижи сите ваши барања да бидат спроведени притоа секогаш водејќи сметка за вашиот буџет.

ФМС нуди широк спектар на услуги во делот на градежните работи и изведба и може да ви обезбеди услуги во делот на електрика, HVAC- греење, вентилација и климатизација, молерисување и ѕидарски услуги, водовод и канализација, партерно уредување и сите други фази поврзани со градбата. Можеме да ви помогнеме во фазата на претпланирање и буџетирање за вашата нова куќа, канцеларија или пак која било друга недвижност која планирате да ја градите.

Нашиот посветен тим ќе помогне во организирање на целиот процес и ќе го следи неговото спроведување сѐ до предавањето на просториите.

Предности кои ги нуди ФМС:

  • Единствено место за контакт – сите услуги на едно место
  • Обезбедување на услугите на доследен и координиран начин
  • Искусни архитекти, инженери и технички лица
  • Јасни, издржани и стратешки совети
  • Одговорност и транспарентност

Секогаш сме во потрага по квалитетни и вредни кадри.