Одржување на хигиена

ФМС нуди разновиден спектар на квалитетни услуги во индустријата за чистење и одржување на хигиена. Некои од нашите услуги вклучуваат, но не се ограничени на:

  • Професионално чистење на деловни простории
  • Чистење на вентилациони канали
  • Надворешно чистење на фасадни стакла и излози
  • Генерално чистење на објекти по завршување на градба (пред вселување)
  • Чистење на излози на деловни простории

Високите стандарди на чистење може да направат значајна разлика во перцепцијата на Вашите клиенти во однос на Вашиот бизнис и бренд. Ние обезбедуваме дневно, неделно или месечно чистење на Вашите, канцеларии / објекти, со извршување на работата во време што најдобро одговара на Вашето работно време. ФМС има свој оддел за чистење и секогаш ја има соодветната опрема за работа, односно различни видови на модели на правосмукалки и професионални машини за чистење како и сертифицирани еколошки средства.

За нас е многу важно во целост да ги разбереме Вашите специфични барања, за да ја приспособиме нашата услуга за да ги задоволи истите. Ние ќе ви понудиме совети за тоа како да задржите висок стандард со намалена цена.

Предности кои ги нуди ФМС:

  • Високи стандарди на чистење
  • Обучени хигиеничари
  • Дневно, неделно или месечно чистење
  • Флексибилно време
  • Достапност и лесна комуникација
  • Мобилни екипи
  • Професионални машини за чистење
  • Сертифицирани еколошки средства
  • Средства за дезинфекција
cistenje-izlozi
odrzuvanje-na-higiena
cistenje-izlozi

Секогаш сме во потрага по квалитетни и вредни кадри.