Блог

Како деловните објекти да станат безбедно место за работа во време на Корона?

Деловниот простор и средина директно влијаат на вработените и клиентите, затоа обезбедувајќи безбедно место за работа ќе допринесе и успех за вашиот бизнис. Управувањето со комерцијалните имоти е комплексен процес затоа треба да им го препуштите на професионалците како ФМС, кои ќе се погрижат за вашиот недвижен имот и ќе се справат со било каква криза вложувајќи максимален труд и напор објектот да остане функционален и подготвен за работа во било кое време.

Несомнено е дека пандемијата Ковид-19 имаше голем ефект врз управувањето со комерцијалните недвижности. Голем процент од компаниите увидоа дека работата може да се врши и далечински и ги „напуштија“ своите канцелариски простории во бизнис центрите. Далечинското деловно работење е новото „нормално“ и сопствениците на деловните објекти треба да се прилагодат на новите услови кои ги поставуваат компаниите. Додека не се стабилизира ситуацијата и додека не се намали заканата од Ковид-19, треба повеќе да се стави фокус кон здравјето и подготовка или одржување на канцелариските простории. Како тоа да го направат сопствениците на објектите? Како да покажат дека нивните објекти може да претставуваат безбедно место за работа?

Покрај основните заштитни и задолжителни мерки за безбедност како носење маска, редовно миење/дезинфицирање на рацете и одржување на физичко растојание има уште неколку дополнителни превентивни мерки кои не само ќе ги заштити вашите закупци и нивните вработени туку и ќе даде дополнителна сигурност кај нив и ќе влее доверба во вас односно вашиот објект. Ова е и повеќе од добредојдено особено во овие денови кога вирусот зема се поголем замав, кризата се шири со големи размери и можеби ни претстои карантин.

Еден од неколкуте начини со кои ќе допринесете побезбеден објект е чистење и дезинфицирање на централниот систем за вентилација со специјализирани професионални машини наменети за таква активност или пак чистење и дезинфицирање на клима уредите.

Кога сме кај чистењето и дезинфицирањето тука треба да се напомене и дезинфицирањето на сите заеднички простории во објектот (рецепција, ходници, тоалети, кујни, лифтови). И осигурајте се дека вашите клиенти знаат дека вршите редовно чистење и дезинфекција со соодветни средства со цел да се чувствуваат малку посигурно.

Административно и техничко управување, организирање и координирање на работата на објектот согласно предложените превентивни мерки од владата и останатите здравствени институции. Ова значи поставување соодветни знаци кои ги прикажуваат задолжителните заштитни мерки, редовна комуникација со закупците и пренесување на важни информации како нови протоколи за работа и слично. Зависно од големината и организираноста на внатрешниот простор на објектот предвидување на еднонасочни правци на движење со цел да се одбегне разминување на луѓето и други слични совети и активности кои ФМС можат да ги организираат и управуваат за вас.

Сите овие мерки ќе влеат доверба и ќе додадат вредност на вашиот деловен објект, а понатаму ќе останат како потсетник за „добар и грижлив домаќин“ што ќе претставува уште една причина за земање во предвид кога некој потенцијален клиент би размислувал за закуп на канцелариски простории во вашиот објект.