Блог

cistenje-kancelarija

Кои се придобивките од ангажирање на компанија за чистење на Вашите канцеларии?

Без оглед на вашата деловна активност, сакате секој што ќе дојде во вашите деловни простории/објект да има одличен прв впечаток за вас. Затоа ангажирање на компанија за професионално чистење која редовно ќе ја надгледува и одржува чистотата на вашите канцеларии е правилен избор.

Подолу неколку клучни причини зошто треба да изберете професионално одржување на хигиена за вашите канцеларии:

  1. Заштеда на човечки ресурси

Барање од вашите вработени да го исчистат нивниот простор или заедничкиот простор е погрешно управување со човечки ресурси. Сакате да бидат фокусирани на своите работни места 100% од времето, а докажано е дека вработените се попродуктивни кога работат во веќе чиста и безбедна средина. Исто така, чистиот работен простор им олеснува на вработените да останат организирани.

Професионална компанија за чистење ќе го обезбеди тоа и ќе допринесе во тоа вашите вработени да се чувствуваат поддржани и ценети.

  1. Помалку отсуства и денови за боледување

Како што знаеме чистотата е директно поврзана со доброто здравје. Одржувањето на чиста и уредна канцеларија им овозможува на вашите вработени да работат поефикасно и да се намалат отсуствата во текот на целата година. Бидејќи повеќето простории во деловните објекти се под постојана употреба, постои можност бактериите и микробите побрзо и полесно да се развиваат на тие места доколку редовно не се чистат и дезинфицираат со соодветни средства.

boleduvanja

Запомнете дека валканата канцеларија исто така може да доведе и до зголемени симптоми на астма кај вработените и клиентите кои се борат со респираторни заболувања бидејќи алергените и бактериите во воздухот циркулираат низ канцеларијата. Покрај чистењето на подните површини, мебелот и електронските уреди од важно значење е и чистењето на вентилационите канали доколку во вашиот деловен објект има централен систем за вентилација.

  1. Чистење без оштетување

Лицата за професионално одржување на хигиена се обучени и имаат искуство во чистење на најразлични подни површини, канцелариски мебел или електронски уреди. Точно знаат кои средства и машини да ги употребат без да предизвикаат оштетување, а притоа површините и предметите да бидат безбедно и длабински исчистени. Компаниите кои се специјализирани за професионално одржување на хигиена на деловни простории како ФМС, сите средства кои ги користат се сертифицирани и се специјално наменети за чистење на одредени материјали.

odrzuvanje-na-higiena

Сето ова вам ви заштедува дополнително време во барање и купување на соодветни производи за чистење на вашата канцеларија и се намалува ризикот од несакано оштетување на канцеларискиот мебел и опрема.

  1. Термини за чистење

Друга предност во ангажирањето на компанија за одржување на хигиена е тоа што во договор со компанијата одлучувате термини за чистење кои вам ви одговараат согласно вашето работно време и деловната активност. Исто така имате можност да склучите договор на месечно или годишно ниво и со тоа да заштедите на време бидејќи ќе имате една обврска помалку.

termin-cistenje

Со ангажирање професионална компанија за чистење ќе имате корист од нивното искуство, знаење и експертиза. Осигурете се да одвоите време за да ангажирате вистински тим на професионалци ако сакате да уживате во сите горенаведени придобивки. Со правилен избор на компанија, ќе ги зголемите безбедноста, ефикасноста и ќе го подобрите изгледот на вашата компанија.