Со цел вашата канцеларија да ја направите eco-friendly и да допринесете во заштитата на животната средина, намалување на загадувањето и намалување на потрошувачката на електрична енергија, потребно е само да имате желба. Многу од советите односно промените кои треба да ги направите не чинат многу. Не мора да ги примените сите подолу наведени насоки и совети, можете да почнете со неколку па подоцна да ги примените и останатите па дури и да додадете и други промени кои сметате дека ќе допринесат во правец вашата канцеларија да биде што повеќе еколошки одржлива.
- Исклучете ги електронските апарати и светилките
Пред заминување од канцеларијата осигурајте се дека сите компјутери, принтери, фотокопири и други електронски уреди се исклучени. Исто така не заборавајте на светилките, клима уредите или системот за централно греење и ладење.
- Електронски отпад
Секогаш кога ќе се расипе некој електронски уред и не е возможно да се поправи однесете го во некоја од продавниците за електронски уреди и бела техника, бидејќи тие имаат корпи за селекција на електронски отпад. А кога купувате нова електронска опрема и уреди обрнете внимание на нивната енергетска ефикасност.
- Селекција на отпад
Во заедничката кујна поставете корпи за селектирање на отпад како стакло, конзерви и пластика. Доколку немате надворешна компанија за одржување на хигиената во вашата канцеларија договорете се со колегите секоја недела некој да го исфрла отпадот во соодветни контејнери за селекција на отпад.
- Заштедете на хартија
Обидете се што е можно повеќе да заштедите на хартија. Користете ја опцијата за двострано печатење и користете рециклирана хартија.
- Осветлување
Канцелариското осветлување честопати е причина за зголемена енергетска потрошувачка. За таа цел заменете ги старите светилки со ЛЕД. ЛЕД светилките се многу подолготрајни, трошат помалку електрична енергија со што се и економски по исплатливи. И секако не заборавајте да ги исклучувате секој пат кога ја напуштате канцеларијата.
- Растенија
Цвеќињата покрај тоа што допринесуваат во подобрување на квалитетот на воздухот ќе ја направат вашата канцеларија пријатно место за работење. Внимателно изберете кои цвеќиња се соодветни согласно вашиот канцелариски простор и услови.
- Еколошки средства за чистење
Доколку сами се грижите за хигиената во вашите канцеларии купувајте и користете еколошки средства за чистење. При изборот секако внимавајте и дали се соодветни за електронски уреди и канцелариски мебел за да не ги оштетите истите. Бонус плус е доколку и пакувањето е биоразградливо.
- Систем за греење и ладење
Новите начини за загревање и ладење како што се топлинските пумпи се многу поекономични и поефикасни. Со добар избор на топлинска пумпа и правилна инсталација и одржување можете многу да заштедите на потрошувачката на електрична енергија. Покрај придобивките како намалување на месечните фактури за потрошена електрична енергија треба да се земе во предвид и дека дел од овие системи се еколошки и користат еколошки тип на гас како што е R32 што овозможува поголема енергетска ефикасност, побрзо загревање или ладење и помалку загадување на животната средина.
Промените започнуваат од нас, разговарајте со вашите колеги околу тоа да бидете повеќе еко совесни. Започнете со мали чекори и надоградувајте се. За одреден период ќе ги примените скоро сите совети па можеби и повеќе и ќе создадете еколошка „зелена„ канцеларија. Многу од чекорите можете да ги примените уште веднаш, а за дел од промените можете да ангажирате и надворешни компании како ФМС кои ќе ви помогнат во целта.