Управување со комерцијални објекти

Property менаџмент ги опфаќа сите услуги за facility менаџмент (техничко одржување на објектот) придружени со целокупна административна поддршка, вклучувајќи финансиски услуги –  сметководство и управување со побарувања, идентификување и изнаоѓање на нови клиенти како и водење на преговори со потенцијални и постојни клиенти.

Услугите кои ги нудиме на нашите клиенти вклучуваат совети во иницијалната и предразвојна фаза на еден проект со претходно внимателно спроведена анализа на влезните податоци. Пред завршување на изградбата, ги истакнуваме сите можни подобрувања во управувањето кои би можеле да се преземат и имплементираат во иднина.

Нашите клиенти ги добиваат сите услуги на едно место што во голема мера влијае на управувањето со ресурсите. Конзистентноста на процесите се обезбедува преку стратешка соработка и директен менаџмент на тимот од професионалци кои се вклучени во секој проект.

ФМС e проактивна компанија, насочена кон своите клиенти и водена од тим на професионалци и експерти во својата област на делување. Со нас добивате целосна вклученост во активностите, адекватно и соодветно информирање, а ние внимателно ќе ве слушаме, ќе дадеме совети и ќе постапуваме согласно вашите упатства.

Предности кои ги нуди ФМС:

  • Единствено место за контакт – сите услуги на едно место
  • Управители со недвижен имот, Управители со објекти, Сметководство и Кредитна контрола – сите во една канцеларија
  • Висококвалитетни услуги
  • Одговорност
  • Обезбедување на услугите на доследен и координиран начин
  • Јасни, издржани и стратешки совети
  • Одговорност и транспарентност
soravia-upravuvanje

Секогаш сме во потрага по квалитетни и вредни кадри.