Техничко одржување

ФМС нуди техничко одржување на различен тип на недвижен имот. Фокусот е тесна соработка со клиентите за да се создадат решенија соодветни за бизнисите на клиентите. Секторот за техничко одржување и инженеринг е составен од професионални технички лица обучени за дадена област, искусни инженери како и лица одговорни за административните процеси обезбедувајќи ги сите потреби за одржување на вашиот објект. Примарна цел на целиот сектор е ракување со техничките инсталации во објектот, управување со договорните услуги како и буџетска контрола на трошоците во име на изведувачот. Секторот е задолжен за превентивно одржување на објектите, планирање и управување на активностите од подизведувачите, управување и зачувување на енергијата, менаџирање на набавки на технички материјали, мали поправки и дефекти во различни области како:

  • Водовод
  • Електрика
  • Молерофарбарски услуги
  • Браварски работи
  • Столарски работи
  • Градежно занатски работи
  • Сервис на климатизација и вентилација (клима уреди, системи за греење, ладење и вентилација)
  • Енергетско – ефикасни решенија

Предности кои ги нуди ФМС:

  • Единствено место за контакт – сите услуги на едно место
  • Квалитет
  • Ефективни и ефикасни услуги
  • Искусен и обучен кадар
  • Флексибилност
  • Иновативна технологија
  • Обезбедување на услугите на доследен и координиран начин
tehnicko-odrzuvanje

Секогаш сме во потрага по квалитетни и вредни кадри.