Имаме илјадници квадратни метри искуство, низа проекти, високообучени и посветени професионални агенти и консултанти кои нудат сеопфатни решенија за комерцијални недвижности и услуга обезбедена на највисоко ниво на корпоративна одговорност и претприемничка заложба.
Нашиот тим ќе ве поддржи во целиот процес со цел вашата компанија да ја избере најдобрата локација соодветна за вашиот бизнис. Нашиот тим може да ве води низ процесите поврзани со идентификација и изнаоѓање на деловен простор, изнајмување, купување или релокација, почнувајќи од понуда на можности па сѐ до управување со договорите, а сѐ со цел да се погрижи вашите барања да бидат исполнети во целост.
- Посредување при продажба и изнајмување на недвижен имот
- Застапување на клиент – закупец
- Застапување на клиент – закуподавач
- Анализа на локација и работно место
- Due diligence консултантски услуги
- Консултантски услуги за инвестиции
- Анализа и проценки на комерцијални недвижности
- Анализа на пазар
- Репреговарање на закупнина
- Build-to-suit (изградено по мерка) решенија