КОИ СМЕ НИЕ 

Facility Management Services дооел е специјализирана компанија во областа на недвижностите. Ние сме консултантска компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците со кои се соочува вашата компанија. Facility и Property менаџмент се едни од главните области во кои ги нудиме нашите професионални услуги. Нудиме иновативни технологии и услуги во различни области во делот на недвижностите, посебно во делот на енергетската ефикасност. ФМС, исто така, претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да ви обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

ФМС ќе пружи  поддршка и професионални совети за вашата компанија во процесот на влез на пазарот во Македонија од самиот почеток па сè до завршување на проектот. Обезбедуваме консултантски услуги за инвестиции и воспоставување на вашиот бизнис во југоисточна Европа. Нашата компанија соработува со низа меѓународни консултантски фирми од различни индустрии и ќе ви овозможиме меѓународно искуство со локални ескпертски познавања и поддршка.

Нашиот тим е тука за да ви помогне да ги постигнете вашите цели и да создадете дополнителни можности и потенцијал за вашата компанија. Ќе бидеме покрај вас во спроведувањето на сите предложени решенија сè до нивна целосна реализација. 

Во делот „наши услуги“ може да ги видите и останатите услуги кои ги нудиме.

Почнувајќи од вашата идеја и визија, преку нашата експертиза и практични знаења,

ние сме  партнер за вашиот бизнис!

МИСИЈА И ВИЗИЈА 

Нашата мисија

Нашата мисија е на нашите клиенти да им понудиме најдобри можни решенија заедно со континуирани иновации.

Нашата визија

Да станеме водечка услужна компанија во индустријата со недвижности, која ги разбира и ги исполнува потребите на нашите клиенти.

НАШИОТ ТИМ 

Зад секоја успешна компанија  стои силен тим. Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите.

Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот,  работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.

Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!

Сите отворени работни места може да ги погледнете ТУКА.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЗДРАВЈЕ, БЕЗБЕДНОСТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА (КЗБЖС) 

Политика за квалитет

ФМС има воспоставено Политика за квалитет, здравје, безбедност и животна средина, со цел да осигура реализација на услуги кои целосно ќе ги задоволат потребите на клиентите. Компанијата ги усогласува своите активности со постоечкото  законодавство и меѓународните стандарди.

Секој вработен на ФМС мора добро да ја знае оваа Политика и да ја прифати и почитува како траен принцип во работните процеси.

ISO Сертификати

ФМС ги поседува следните сертификати:

  • ISO 9001:2015 Систем за управување со квалитетот
  • ISO 14001:2015 Систем за управување со животната средина
  • ISO 45001:2015 Систем за управување со здравјето и безбедноста на работното место
  • ISO 18001:2007 Сертификат за процена на здравјето и безбедноста на работното место

Меѓународната организација за стандардизација (ISO) е светска федерација на национални тела за стандардизација од 140 земји. Овозможува системи за управување како алатки за осигурување на квалитетот, исполнување на барањата на клиентите, заедно со грижа за животната средина.