УСЛУГИ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 

Asset менаџмент

property_management

Asset менаџмент е систематски процес кој вклучува располагање, работење, одржување и надградување на имотот на начин којшто е економски најоправдан. Максимизирање на вредноста на секоја инвестиција или инвестициско портфолио е од суштинско значење за секој сопственик на недвижност и оттука ФМС тесно соработува со сите клиенти за да што подобро ги разбереме клучните двигатели на нивното имотно портфолио. Накратко, нудиме сеопфатна и комплетна услуга за property и asset менаџмент како би ја максимизирале вредноста на инвестицијата на нашиот клиент.

ФМС ќе ви обезбеди комплетен asset менаџмент, на проактивен начин, притоа испорачувајќи ги најдобрите резултати.

Нашиот тим ќе се погрижи:

  • Вашиот имот правилно и соодветно да се одржува и функционира
  • Со проактивен пристап да се одговори на сите барања и потреби на закупците
  • За целосна контрола на трошоците и нивно усогласување согласно извршената услуга
  • Да обезбедиме детални извештаи до финансиските институции и одржиме силна финансиска дисциплина
  • За зголемување на вредноста на вашите инвестиции со изработка на најдобра и најсоодветна стратегија.

Property менаџмент

ASSET_MANAGEMENT

Property менаџмент  ги опфаќа сите услуги за  facility менаџмент придружени со целокупна административна поддршка, вклучувајќи финансиски услуги –  сметководство и управување со побарувања, идентификување и изнаоѓање на нови клиенти како и водење на преговори со потенцијални и постојни клиенти.

Услугите кои ги нудиме на нашите клиенти вклучуваат совети во иницијалната и предразвојна фаза на еден проект со претходно внимателно спроведена анализа на влезните податоци. Пред завршување на изградбата, ги истакнуваме сите можни подобрувања во управувањето кои би можеле да се преземат и имплементираат во иднина.

Нашите клиенти ги добиваат сите услуги на едно место што во голема мера влијае на управувањето со ресурсите. Конзистентноста на процесите се обезбедува преку стратешка соработка и директен менаџмент на тимот од професионалци кои се вклучени во секој проект.

ФМС e проактивна компанија, насочена кон своите клиенти и водена од тим на професионалци и експерти во својата област на делување. Со нас добивате целосна вклученост во активностите, адекватно и соодветно информирање, а ние внимателно ќе ве слушаме, ќе дадеме совети и ќе постапуваме согласно вашите упатства.

Предности кои ги нуди ФМС:

  • Единствено место за контакт – сите услуги на едно место
  • Управители со недвижен имот, Управители со објекти, Сметководство и Кредитна контрола – сите во една канцеларија
  • Обезбедување на услугите на доследен и координиран начин
  • Одговорност и висококвалитетни услуги
  • Јасни, издржани и стратешки совети
  • Одговорност и транспарентност

Property менаџмент услугите вклучуваат:

  • Инвестициски property менаџмент
  • Консултантски и административни услуги во процесот на изнајмување
  • Набавки
  • Инженери на лице место
  • Консултантски услуги
  • Управување со ризици

Facility менаџмент

facilities_management

Сет од услуги насочени кон редовно и тековно одржување на вашиот недвижен имот, скроени по мерка на вашата специфична работна средина и корпоративна култура. Целта на овие услуги кои се подложни на континуирана иновација и развој е да се намалат трошоците и во исто време  да се додаде вредност на основната дејност на организацијата на клиентот. Овие услуги вклучуваат, но не се ограничени само на, услуги за обезбедување, услуги за одржување на хигиената, сервисирање на целокупните технички инсталации и опрема, прием и рецепција, како и обезбедување решенија за намалување на трошоците и потрошувачката на енергија.

Facility менаџмент опфаќа повеќе активности со цел обезбедување функционалност на изграденото окружување преку интегрирање на луѓето, местото, процесите и технологијата. Нашиот пристап во процесот на facility менаџмент во голема мера е насочен кон потребите на нашите клиенти. Пред да се изготви решение за управување со објекти кое најдобро ќе одговара на  барањата  на клиентот за соодветната цена, треба да се разберат нивните специфични потреби. Без разлика дали ќе се одлучите за целиот сет од  услуги за управување со објекти, за комбинација од неколку или пак поодделни услуги, ние ќе изготвиме решение што ќе биде видливо различно, и кое ќе ги  подобри вашите оперативни процеси и продуктивност.

  • Безбедност
  • Услуги за одржување на хигиена
  • Техничко одржување
  • Прием и рецепција
  • Намалување на потрошувачката на енергија, емисијата на јаглерод и трошоците
  • Мобилни техничари

Брокерски услуги

brokerage

Имаме илјадници квадратни метри искуство, низа проекти, високообучени и посветени професионални агенти и консултанти кои нудат сеопфатни решенија за комерцијални недвижности и услуга обезбедена на највисоко ниво на корпоративна одговорност и претприемничка заложба.

Нашиот тим ќе ве поддржи во целиот процес со цел вашата компанија да ја избере најдобрата локација соодветна за вашиот бизнис. Нашиот тим може да ве води низ процесите поврзани со идентификација и изнаоѓање на деловен простор, изнајмување, купување или релокација, почнувајќи од понуда на можности па сѐ до управување со договорите, а сѐ со цел да се погрижи вашите барања да бидат исполнети во целост.

Градежни услуги и услуги за реконструкција, адаптација и опремување

construction

ФМС може да ви обезбеди комплетно готово – клуч на рака решение за реконструкција, адаптација и опремување на вашата нова канцеларија или индустриски објект. Релокација на постоечката или пак отворање на нова канцеларија, ФМС ќе ви понуди најдобро решение кое ќе одговара на вашите потреби и барања. Можеме да го реновираме или да го адаптираме вашиот нов или постоечки производствен објект. Нудиме комплетно решение, почнувајќи од архитектонските цртежи, па сѐ до градежни работи и целосно опремување на вашата канцеларија. Нашиот тим ќе се погрижи сите ваши барања да бидат спроведени притоа секогаш водејќи сметка за вашиот буџет.

ФМС нуди широк спектар на услуги во делот на градежните работи и изведба и може да ви обезбеди услуги во делот на електрика, HVAC- греење, вентилација и климатизација, молерисување и ѕидарски услуги, водовод и канализација, партерно уредување и сите други фази поврзани со градбата. Можеме да ви помогнеме во фазата на претпланирање и буџетирање за вашата нова куќа, канцеларија или пак која било друга недвижност која планирате да ја градите.

Нудиме комплетна услуга, од карабина, па сѐ до целосно опремување на вашата канцеларија, индустриски објект или малопродажен простор. Нашиот посветен тим ќе помогне во организирање на целиот процес и ќе го следи неговото спроведување сѐ до предавањето на просториите на клиентот.

HVAC системи – инсталација и oдржување

HVAC

Нашиот инженерски тим е целосно посветен и обучен да изврши  целосна анализа на барањата на клиентите поврзани со HVAC (греење, вентилација и климатизација), од решенија за станбени куќи па сѐ до решенија за деловни згради, притоа секогаш земајќи ги предвид трошоците, функционалноста, траењето и одржувањето на опремата по нејзината инсталација.

Нудиме комплетен сет од услуги за HVAC-проекти кој опфаќа проектирање, инсталација како и тим за одржување кој ќе обезбеди квалитет на системот и постпродажни услуги, а со цел задоволство на клиентите.

Имаме докажано искуство потврдено преку голем број на реализирани проекти кои вклучуваат консултантски услуги, инсталација и услуги за одржување. Имаме посветен тим задолжен за климатизација и вентилација со кој на клиентот му обезбедуваме целосна услуга на едно место и нудиме решение за сите негови барања.

Одржувањето на HVAC-системите треба да се сфати многу сериозно, без разлика дали целта е да се намали трошокот за електрична енергија, да се подобри ефикасноста и да има помал број на поправки и помали шанси за дефект на  системот.

Нашиот професионален тим на инженери има долгогодишно искуство во сервисирање и одржување HVAC-системи од различни димензии, производители, тип на опрема и различни објекти каде се инсталираат системите, од мали станбени инвертери до чилери и VRF-системи за канцелариски простори

Чистење на HVAC-системи – HVAC-системот функционира најдобро и најоптимално кога редовно се сервисира и чисти. Еден дефектен дел може да предизвика домино ефект и дефект на целиот систем. Затоа имаме тим на техничари одговорни токму за овој конкретен дел од одржувањето на HVAC-системот. Чистењето се врши со специјална опрема за инспекција и чистење на системите за вентилација и климатизација. Оваа опрема го подобрува целиот систем и квалитетот на воздухот во затворен простор.


Asset 1

ФМС е овластен претставник за LG комерцијална климатизација

Одржување на хигиена и чистење

cleaning

ФМС нуди широк спектар на квалитетни услуги во делот на чистење и одржување хигиена. Свесни за различните потреби и барања, нудиме услуги за чистење и хигиена прилагодени на секој клиент. Нашите услуги вклучуваат, но не се ограничени на, професионално чистење простории, деконтаминација со водород пероксид, дистрибуција на диспензери за дезинфекција на раце и инспекција и чистење на системите за вентилација и климатизација.

Совршениот изглед на просторот и високите хигиенски стандарди можат да направат значителна разлика во однос на тоа како вашите клиенти го перципираат вашиот бизнис и бренд. Обезбедуваме договорни услуги за дневно, неделно или месечно чистење на вашата рецепција, канцеларии, ходници, работилници, кујни и кантини, при што работите се вршат во време кое најмногу ви одговара.

ФМС има свој сектор за одржување на хигиена и соодветна опрема за извршување на активностите, од системи за бришење и чистење, преку разни типови и модели на правосмукалки, до сите потребни хемиски средства за чистење. За нас е многу важно да може целосно да ги разбереме вашите специфични барања и да ги прилагодиме нашите услуги  со цел да ги задоволиме вашите  потреби. Ние ќе ви понудиме совети за тоа како да обезбедите високи стандарди на начин кој е економски оправдан.