ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ 

Како водечки снабдувач на HVAC, портфолиото на производи за греење на LG опфаќа широк спектар на високо-енергетски ефикасни и обновливи извори на енергија, со што се обезбедува вистинското решение за било какви барања.

Производите за греење на LG обезбедуваат поенергетско и поефикасно решение за греење на вашиот дом и канцеларија преку континуирано истражување и развој на енергетски технологии како што се средство за ладење R32 за топлинската пумпа како и компресорот R1.

Станбени решенија

LG (Therma V) топлинската пумпа е решение за греење на станбени објекти кое може да ги покрие и греењето и загревањето на санитарна вода во исто време. Во споредба со конвенционалниот систем на котел, топлинската пумпа е поефикасна и ја намалува емисијата на CO2 бидејќи користи обновлива енергија од надворешниот воздух. Покрај тоа, топлинските пумпи можат да бидат поврзани со разни смарт уреди, како што е LG SmartThinQ.

Комерцијални решенија

Комерцијалните решенија за греење кои ги нуди LG можат да бидат инсталирани на различни објекти/простори како што се канцеларии, хотели и спа. Овие решенија ја намалуваат потрошувачката на енергија како и емисијата на СО2. Воедно, со употреба на LG VRF технологијата и инвертер чилерот, во исто време може да се обезбеди топла санитарна вода, греење и ладење без оглед на сезоната.

 

THERMA V (Топлинска пумпа)

Топлинска пумпа е систем што овозможува греење на просторот, кој може истовремено да се поврзе со подно греење и греење на санитарна вода. Не само што можете да го инсталирате во вашиот нов дом, туку можете да ги замените и котлите во постојниот дом.

Намалување на трошоците за греење

THERMA V топлинската пумпа е приближно до 4 пати поефикасна од котлите. Колку подолго ја користите, толку повеќе можете да заштедите на трошоците за греење.

Решение за обновлива енергија

THERMA V топлинската пумпа користи 75% од природната енергија апсорбирана од надворешниот воздух, а остатокот од 25% доаѓа од електрична енергија. Што значи Therma V значително ја намалува емисијата на CO2 во споредба со котлите на нафта или гас.

MULTI V (VRF систем)

MULTI V VRF системот ги минимизира загубите на топлинска енергија и обезбедува енергетски придобивки. Овозможувајќи извонредна удобност, енергетска ефикасност и сигурност, решенијата LG VRF нудат оптимална цена и полесна инсталација, поради што се сметаат за едни од најмоќните системи за климатизација и вентилација.

Инвертер чилер

Дизајнирани да обезбедат ефективно ладење дури и за најголемите згради и објекти,  решенијата  од LG  за ладноводна централна климатизација се идеално решение за индустриски објекти, електрани и фабрики, како и за ладење на одредени делови од објекти.

Прочистувач на воздух

Уживајте во вашиот дом со LG прочистувачот за воздух, кој отстранува повеќе од 90% од алергените честички во воздухот, овозможувајки ви поздрав и посреќен живот на вас и вашите најблиски.

Едноставниот и совршен надворешен изглед  на  овој елегантен прочистувач кој во себе содржи напредна иновација за моќно филтрирање и природно навлажнување на воздухот ви овозможува полесно да дишете.