КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ 

Консултантски услуги

consultancy

Управување со вашите останати – секундарни деловни активности

Голем број на компании се соочуваат со потребата да бидат поконкурентни и да ги намалат трошоците согласно моменталната состојба на пазарот. ФМС ќе ви помогне да одлучите дали да ангажирате надворешни или пак лица во рамките на компанијата. Можеме да ги понудиме нашите услуги и поддршка во процесот на одлучување дали да ги аутсорсирате услугите за одржување на вашиот објект, да ви помогнеме при продажба на имотот кој не го користите за својот бизнис, да изработиме анализа за тоа дали ефикасно го користите вашиот канцелариски простор и дали истиот можете да го оптимизирате. Многу компании не водат сметка за тоа, но секој квадратен метар за изнајмување кој не е правилно искористен е загуба на ресурси која ја плаќа вашата компанија. Нашиот тим ќе ве води низ процесот на идентификување на вашите вистински потреби и ќе го најде најсоодветното решение.

Project менаџмент

Нашиот тим ќе управува со вашиот проект со најголемо внимание и ќе се погрижи сите работи да се извршуваат во согласност со вашите барања. Нашиот главен фокус е да обезбедиме квалитет и вашиот проект да биде спроведен во рамките на предвидениот буџет. Може да ги понудиме нашите project менаџмент услуги при релокација, реконтрукција, адаптација и опремување на простор, проширување, развој и намалување на трошоците. Со ангажирање надворешна компанија за изведба на вашиот проект, ќе се погрижиме да ги намалите трошоците и да го минимизирате ризикот од ненавремено завршување на работата и надвор од рамките на предвидениот буџет. ФМС ќе го застапува вашиот интерес во текот на целиот процес, почнувајќи од фазата на проектирање, изградбата и контролата на целокупниот проект.

Консултантски услуги за инвестиции

ФМС нуди консултантски услуги за инвестиции и бизнис советодавни услуги за различен тип индустрии во Македонија и регионот на ЈИЕ. Може да ви помогнеме при утврдувањето на вашата инвестициска стратегија и цели кои ќе водат кон воспоставување на  успешен бизнис во Македонија или пак во регионот. Во денешниот, исполнет со кризи и нестабилен свет, од голема важност е да се подготви сеопфатна и детална анализа пред да одлучите на кој пазар ќе инвестирате. Со нашите услуги ќе утврдите кои конкурентни предности ги нуди  регионот на вашиот бизнис и како  можете истите максимално да ги искористите. ФМС ќе ви помогне да ги идентификувате можностите на пазарот за вашата компанија. Со инвестирање во Македонија, може дополнително да ги намалите вашите трошоци со тоа што ќе ги развивате вашите производи и услуги и опслужувате вашите клиенти по многу пониска цена. Македонија располага со квалификувана работна сила и плати кои се прилично конкурентни во споредба со оние во соседните земји или Европа. Најголем дел од досегашните инвеститори во земјата отпаѓаат на индустриски производствени компании, компании за развој на ИТ софтвер и кол центри. Може да ви ги понудиме нашите услуги за истражување на пазарот за индустријата која ви е од интерес, да подготвиме бизнис план и физибилити студија за вашата потенцијална инвестиција, да ве водиме и поддржиме низ процесите и чекорите за отпочнување на вашите бизнис активности во Македонија. Нашето локално знаење и стручност ќе ви помогнат подобро да ја разберете бизнис климата во земјата, и да ги идентификувате потенцијалните можности и пречки со кои би можеле да се соочите при влегувањето на пазарот. Со ФМС, може да сметате на сигурен деловен партнер кој ќе ве води низ целиот процес и на кој секогаш ќе може  да се потпрете.

Аутсорсинг услуги

outsourcing

Секоја компанија треба да се фокусира на својата основна бизнис активност за да може да биде профитабилна и да ја пронајде својата конкурентска предност. Во денешните услови на компетитивност, ова станува сè поважно. И покрај тоа, на компаниите им се потребни и останатите, вон основната бизнис активност, како дополнителна поддршка неопходна за одржување на својот раст и биснис модел.

Дел од нашите услуги кои може да ги аутсорсирате:

Аутсорсинг услуги за деловни – бизнис процеси  

Нашите решенија за аутсорсинг услуги за деловни – бизнис процеси се најмногу насочени кон административни услуги и активности, инженерство, ИТ, набавки и логистика. Некои од услугите кои ги нудиме се внесување податоци, ажурирање на база на податоци, јазични преводи, обработка на фактури, обработка на барања итн.

Услуги за човечки ресурси

Човечкиот капитал е најважниот ресурс на  една компанија. Да се најде соодветниот вработен е процес кој одзема многу време и бара огромно  познавање на пазарот на труд. Ќе ви овозможиме поддршка со највисока стручност со цел да ги најдеме вистинските луѓе за вашиот тим. Нашиот тим обезбедува широк спектар на услуги, започнувајќи од внимателна и детална анализа на вашите барања за човечки ресурси, па сè до избор и ангажирање на кадар.