НАШИ УСЛУГИ 

ikona 2

Недвижности 

Сет од услуги фокусирани на редовно и континуирано одржување на вашиот недвижен имот, скроени според вашите специфични потреби, како и управување со недвижности и посредување за готови решенија – „клуч на рака“.

ikona 2

Консултантски услуги 

Голем број на компании се соочуваат со предизвикот да бидат конкурентни и да ги намалат трошоците водени од моменталните случувања на пазарот. ФМС ќе ви пружи поддршка и анализа во процесот на одлучување дали да се користат надворешни услуги за одредени активности или пак истите да се извршуваат интерно, во рамките на самата компанија. Ние може да ви понудиме консултантски услуги во делот на недвижностите, проект менаџмент и консултантски услуги во делот на инвестициите.

ikona 3

Енергетска ефикасност 

Имајќи ја предвид важноста на енергетската ефикасност, развивме низа услуги и формиравме квалификуван тим од професионалци кој ќе понуди решенија за енергетски заштеди и намалување на трошоците за енергија. Од евалуација  на потрошувачка на енергија до инсталација на иновативни технологии, подготвени сме да ви предложиме индивидуални и скроени по мерка решенија за ефикасни објекти и еколошки извори на енергија за вашиот простор.

lg

Греење и ладење 

Нашиот инженерски тим е целосно посветен да изврши комплетна анализа на барањето на клиентот, без разлика дали станува збор за станбен објект или решение за деловна зграда, секогаш земајќи ги во предвид трошоците, функционалноста, издржливоста и одржувањето на опремата.

Имаме цел сет на услуги за системите за вентилација и климатизација, вклучувајќи планирање и проектирање, инсталација на опремата како и тим кој го гарантира квалитетот на системот.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ 

ул. „Филип Втори Македонски“ бр.3,

1000 Скопје, Р. Северна Македонија

+389 (2) 3 222 246

+389 71 99 00 33

contact@fms.com.mk

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ 

ул. „Филип Втори Македонски“ бр.3,

1000 Скопје, Р. Северна Македонија

+389 (2) 3 222 246

+389 71 99 00 33

contact@fms.com.mk