Клиент

Соравиа Центар Скопје

Услуга

Asset менаџмент

Површина

15.500 м²

Целосна посветеност која резултира со долгогодишна успешна соработка и заемна доверба!

Соравиа Центар Скопје ни ги довери asset менаџмент активностите, со цел зголемување на перформансите на деловната зграда и трговскиот центар, оптимизирање на трошоците и помош во усвојувањето на локалните барања.

Client

Soravia Center Skopje

Услуга

Asset менаџмент

Површина

15.500 м²

Целосна посветеност која резултира со долгогодишна успешна соработка и заемна доверба!

Соравиа Центар Скопје ни ги довери asset менаџмент активностите, со цел зголемување на перформансите на деловната зграда и трговскиот центар, оптимизирање на трошоците и помош во усвојувањето на локалните барања.

СОРАВИА ЦЕНТАР СКОПЈЕ е изграден и е во сопственост на австриската „Соравиа Груп“ еден од најголемите инвеститори во комерцијални недвижности во централна и источна Европа и со повеќе од сто години успешна бизнис историја. Овој исклучителен архитектонски дизајн нуди повеќе од 13.000 м2 класа А канцелариски простор и  2.500 м2 малопродажен простор поврзан со веќе постоечки трговски центар.

На самиот почеток, активностите, како што се техничко одржување, проект менаџмент, реновирање и адаптација на деловните единици, чистење на просториите, наоѓање нови клиенти, комуникација со закупци како и административни активности – подготовка на месечни извештаи во врска со финансиското, сметководственото и административното работење, беа самостојно вршени од страна на Соравиа.

Со цел одржување и зголемување на успешноста на работењето на овој деловен објект, тие имаа потреба од оптимизирање на нивните трошоци и поддршка за исполнување на локалните барања.

Оттука, ФМС потпиша договор за asset менаџмент со Соравиа и ги презеде сите неопходни активности за максимизирање на вредноста на нивната инвестиција. Како прв чекор, формиравме тим од професионалци во различни области за навремено и правилно извршување на сите наведени активности. Имаме блиска соработка со нашиот клиент како би ги разбрале и утврдиле  клучните двигатели за квалитетно извршување на активностите. Обезбедивме сеопфатни facility и asset менаџмент услуги и многу дополнителни консултантски услуги и активности низ годините, како што е поддршка во финансиското реструктуирање.

„за само 8 месеци, зголемување на исполнетоста за повеќе од 30%“

Како резултат на тоа, добивме долгорочни и задоволни закупци, осигуравме беспрекорна работа на целиот објект и сите придружни содржини и ја зголемивме исполнетоста.

„Месечните и годишните извештаи сведочат за професионализмот на ФМС и за одличното функционирање на објектот. Задоволните закупци се доказ за искуството и посветеноста на професионалниот тим на ФМС. Објектот ја зголеми исполнетоста за повеќе од 30% во последните 8 месеци, со целосна поддршка од Соравиа и тимот на ФМС. Оваа компанија може да обезбеди европски property менаџмент стандарди во земја каде овие концепти се релативно нова појава на пазарот на недвижности.“

Валери Атанасов

Генерален директор

Соравиа Инвест дооел