Клиент

Меѓународен балкански

универзитет

Услуга

Facility менаџмент

Површина

27.500 м²

„Сами можеме малку, заедно можеме многу“

Меѓународниот балкански универзитет е динамична и модерна образовна институција. Заеднички, воведовме и имплементиравме алтернативни решенија кои резултираа со намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста.

Client

International Balkan University

Услуга

Facility менаџмент

Услуга

27.500 м²

„Сами можеме малку, заедно можеме многу“

Меѓународниот балкански универзитет е динамична и модерна образовна институција. Заеднички, воведовме и имплементиравме алтернативни решенија кои резултираа со намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста.

Меѓународниот балкански универзитет е акредитирана институција за висококвалитетно образование и научно истражување, чија мисија е формирање на општествено одговорни и конкурентни поединци кои ќе придонесат за технолошки и економски развој на регионот.

Нивната успешна приказна започна во 2006 година, а во 2016 година, според Шангајската листа за најдобри универзитети, беа прогласени за најдобар универзитет во нашата земја во областа на наставата и учењето.

Имајќи ја предвид нивната мисија, тие сакаа да го унапредат своето работење со наоѓање соодветен партнер, со професионална репутација и практични знаења, кој ќе им понуди напредни решенија за управување со објект.

Избирајќи го ФМС за партнер, тие на едно место добија одговор за сите прашања и проблеми од техничка природа поврзани со објектот на Универзитетот.

Оваа соработка им овозможи на МБУ да станат енергетски поефикасни и да ги намалат трошоците користејќи алтернативно решение за гориво и во исто време бидат поодговорни кон животната средина со соодветно управување со отпадот.

„Имплементирани  иновативни решенија кои ги кратат трошоците за 30%“

Како резултат на тоа, Меѓународниот балкански универзитет, со имплементација на највисоки facility менаџмент стандарди на ФМС и решенијата за енергетска ефикасност, овозможи одлична средина за работа и студирање.  

„Не само што располагаат со специјализиран и посветен тим за хигиена и техничко одржување, тие, исто така, имаат тим од професионалци кои нудат флексибилни и иновативни решенија за секој предизвик во делот на  facility менаџмент за објектот на нашиот Универзитет. ФМС е компанија што е ориентирана кон клиентите, со целосна посветеност и разбирање на потребите и ресурсите на една НВО.“

Висар Рамадани

Генерален секретар

Меѓународен балкански универзитет