Клиент

Џевахир Скај Сити

Услуга

Facility менаџмент

Површина

130.000 м²

Модерниот начин на живот бара facility менаџмент услуги со кои управува целосно опремен и посветен тим од експерти.

Првата четириесеткатница од резиденцијалниот проект го означи почетокот на успешната соработка со Џевахир Скај Сити.

Client

Cevahir Sky City

Услуга

Facility менаџмент

Површина

130.000 м²

Модерниот начин на живот бара facility менаџмент услуги со кои управува целосно опремен и посветен тим од експерти.

Првата четириесеткатница од резиденцијалниот проект го означи почетокот на успешната соработка со Џевахир Скај Сити.

Замислете си дека се наоѓате во друга земја каде сакате да започнете бизнис. Ќе се сретнете со различна култура, навики и менталитет на луѓето, кои понекогаш може да доведат до недоразбирања, одложување и пропуштени можности! Бидејќи времето е пари, ви требаат брзи решенија со кои ќе ги надминете сите пречки. Ви треба ефикасност без непотребни трошоци. Токму тоа го побара Џевахир Холдинг од нас.

Им требаше партнер ориентиран кон решенија, кој работи според меѓународни стандарди и кој ќе ги преземе facility менаџмент активностите за првите облакодери во Скопје.

Овие резиденцијални објекти се изградени според меѓународни стандарди за квалитет и безбедност и нудат можност нивните станари да уживаат во модерниот начин на живот. ФМС обезбеди функционалност на сите објекти, од приемен дел, фоаје и домар 24/7, до техничко одржување на напојувањето и HVAC опремата, обезбедувајќи безбедност и сигурност, беспрекорни услуги за чистење како и управување со останатите содржини, на проектот – паркинг простор, простории за рекреација и за деца.

Нудиме специјализирани решенија и услуги скроени според потребите на клиентот.  

„Ги имплементиравме меѓународните facility менаџмент стандарди и постигнавме 99% наплата на сервисните трошоци“

Нашата соработка и заемно разбирање со Џевахир Холдинг резултираше со континуирана соработка и понатамошен ангажман на ФМС во делот на property менаџмент. 

„ФМС ни помогна да ги разбереме локалните специфики и да го приспособиме нашиот проект кон потребите и барањата на пазарот. Заеднички, ги имплементиравме меѓународните facility менаџмент стандарди и постигнавме 99% наплата на сервисните трошоци во нашите објекти, што е вистинска реткост во Македонија. Со ваков степен на наплата, задоволството кај сопствениците на становите се подразбира.“

Мухамед Џевахир

Директор на недвижност

Џевахир Скај Сити