ДАЛИ САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ? 

ФМС секогаш бара посветени и талентирани членови за својот тим, со цел унапредување на вредноста на услугите за нашите клиенти!

Преку работа на проекти ги запознавате различните потреби на клиентите, имате можност да учите нови вештини и да разменувате идеи со колеги од различни сектори.

Ако сакате да бидете дел од динамична, креативна и охрабрувачка средина, ФМС е компанијата за вас. Ако вашите лични цели се исти како вредностите на компанијата, вие ќе уживате во работата тука.

ОТВОРЕНИ РАБОТНИ МЕСТА 

Погледнете ги сите отворени работни места:

Ако сте заинтересирани да се придружите на тимот, испратете ваша кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на jobs@fms.com.mk


„Почнав да работам во ФМС пред една година и можам да кажам дека тоа е најдобрата одлука која сум ја направила во последните 25 години од мојот професионален живот. Имам можност да работам со млад тим, полн со ентузијазам и секогаш подготвен за нови предизвици. Иако имам долгогодишно работно искуство, работата тука ме научи на многу нови нешта и вештини.“

Мери Мурџевска Георгиевска
овластен сметководител

„Како дел од ФМС од самите почетоци, можам да кажам дека како брзорастечка компанија, ФМС овозможува проширување на вашата визија и стекнување на вештини и искуства преку работата со тим што е позитивен, енергичен и посветен. Имаме можност професионално и на личен план да се надградуваме со секој проект на кој работиме. Можам со задоволство да кажам дека ми е драго што сум дел од ФМС.“

Јелена Шорак
административен и маркетинг координатор

„За мене, никогаш не било полесно да се менаџира и работи со група на луѓе, бидејќи тимот во ФМС е секогаш подготвен за промени и предизвици што ги носи индустријата на недвижности. Тука во „ФМС сите соработуваат во насока на постигнување успех и задоволување на потребите и целите на клиентите. Можам да кажам дека сум горд што го водам овој тим и што работам со нив секој ден.“

Огнен Симоновски
финансиски и комерцијален координатор