Топлински пумпи – енергетски најефикасно решение за греење, ладење и топла вода во домот

ФМС е овластен претставник за LG комерцијална климатизација

Услуга: Asset менаџмент
Површина: 15.500 м²

Соравиа Центар Скопје ни ги довери asset менаџмент активностите, со цел зголемување на перформансите на деловната зграда и трговскиот центар, оптимизирање на трошоците и помош во усвојувањето на локалните барања.

Услуга: Facility менаџмент
Површина: 130.000 м²

Модерниот живот предвидува facility менаџмент услуги управувани од страна на целосно опремен и посветен тим од експерти.
Првата четириесеткатница од резиденцијалниот проект го означи почетокот на успешната соработка со Џевахир Скај Сити.

Услуга: Facility менаџмент
Површина: 27.500 м²

„Сами можеме малку, заедно можеме многу“

Меѓународниот балкански универзитет е динамична и модерна образовна институција. Заеднички, воведовме и имплементиравме алтернативни решенија кои резултираа со намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста.

previous arrow
next arrow
Slider

PROPERTY И FACILITY МЕНАЏМЕНТ УСЛУГИ

Заштеди на трошоци! Заштеди на време!

КОИ СМЕ НИЕ 

„Facility Management Services“ дооел е специјализирана компанија во областа на недвижностите. Ние сме консултантска компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците со кои се соочува вашата компанија. Facility и Property менаџмент се едни од главните области во кои ги нудиме нашите професионални услуги. Нудиме иновативни технологии и услуги во различни области во делот на недвижностите, посебно во делот на енергетската ефикасност.

КОИ СМЕ НИЕ 

„Facility Management Services“ дооел е специјализирана компанија во областа на недвижностите.   Ние сме консултантска компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците со кои се соочува вашата компанија. Facility и Property менаџмент се едни од главните области во кои ги нудиме нашите професионални услуги. Нудиме иновативни технологии и услуги во различни области во делот на недвижностите, посебно во делот на енергетската ефикасност.

НАШИTE УСЛУГИ 

ikona 2

Недвижности 

Сет од услуги фокусирани на редовно и континуирано одржување на вашиот недвижен имот, скроени според вашите специфични потреби, како и управување со недвижности и посредување за готови решенија – „клуч на рака“.

ikona 2

Консултантски услуги 

Голем број на компании се соочуваат со предизвикот да бидат конкурентни и да ги намалат трошоците водени од моменталните случувања на пазарот. ФМС ќе ви пружи поддршка и анализа во процесот на одлучување дали да се користат надворешни услуги за одредени активности или пак истите да се извршуваат интерно, во рамките на самата компанија. Ние може да ви понудиме консултантски услуги во делот на недвижностите, проект менаџмент и консултантски услуги во делот на инвестициите.

ikona 3

Енергетска ефикасност 

Имајќи ја предвид важноста на енергетската ефикасност, развивме низа услуги и формиравме квалификуван тим од професионалци кој ќе понуди решенија за енергетски заштеди и намалување на трошоците за енергија. Од евалуација  на потрошувачка на енергија до инсталација на иновативни технологии, подготвени сме да ви предложиме индивидуални и скроени по мерка решенија за ефикасни објекти и еколошки извори на енергија за вашиот простор.

lg

Греење и ладење 

Нашиот инженерски тим е целосно посветен да изврши комплетна анализа на барањето на клиентот, без разлика дали станува збор за станбен објект или решение за деловна зграда, секогаш земајќи ги во предвид трошоците, функционалноста, издржливоста и одржувањето на опремата.

Имаме цел сет на услуги за системите за вентилација и климатизација, вклучувајќи планирање и проектирање, инсталација на опремата како и тим кој го гарантира квалитетот на системот.

ЗОШТО ДА НЀ ИЗБЕРЕТЕ НАС 

Посветени сме кон обезбедување висококвалитети услуги за нашите клиенти преку континуирано унапредување на нашите работни процеси.

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИТЕ ЗА НАС 

testemonial-Valeri_Atanassov
Соравиа Инвест дооел

„Соравиа инвест дооел“ е долгогодишен сопственик на Соравиа Центар Скопје – деловен и трговски објект во самиот центар на градот. Ги користиме услугите на „Facility management Services“ дооел речиси 5 години во делот на facility, property и asset менаџмент, услуги за одржување на хигиена, градежни услуги и услуги за реконструкција и адаптација на простор, како и консултантски услуги. Задоволни сме од нивниот професионализам, однос и исклучителен квалитет на услугите. „Facility Management Services dooel“ редовно ги проверува објектите и врши рутинско превентивно одржување. Управувачкиот тим на ФМС има професионален однос и ни овозможува услуги на врвно ниво."

Валери Атанасов
Генерален директор
testemonial-Andon_Dragomanov
MCA ДООЕЛ

„Имавме чест да работиме со ФМС како наш посредник во процесот на наоѓање ИТ експерти во Македонија. Задоволни сме од нивниот професионален пристап во процесот на вработување. Наоѓање луѓе за работни места во ИТ индустријата одзема многу време. Тимот на ФМС ни помогна користејќи ги сите можни канали за вработување во ИТ секторот за да ни го обезбеди вистинскиот кандидат со најсоодветно ИТ искуство.“

Андон Драгоманов
Сопственик
testemonial-Mohammed_Cevahir
Џевахир Скај Сити

„Како меѓународна компанија која работи според меѓународни стандарди, многу е тешко да се најдат партнери со иста визија и разбирање за услугите. На наша среќа и задоволство, ФМС го обезбедуваат точно она што ни е потребно и одат и понатаму, надминувајќи го нивниот опис на работа и задачи, со цел исполнување на нашите барања и во насока на што подобра услуга за клиентот. Како резултат на тоа, ние го проширивме опсегот на работа со нив, од управување со објект, услуги за одржување на хигиената на нашиот 40-катен резиденцијален објект и на заедничките простории, до чистење на становите пред официјално предавање на сопственикот, а денес од нив бараме и совети за прашања поврзани со управувањето со недвижности.“

Мухамед Џевахир
Директор на недвижност
musala-t

„Имавме можност да работиме со ФМС на првиот проект за реконструкција, адаптација и опремување на нашите канцеларии во Скопје. Импресионирани сме од нивната посветеност за изнаоѓање најдобро решение за сите барања кои произлегоа во текот на проектот. Тие секогаш преземаат иницијатива за решавање на проблематичните ситуации и располагаат со широк спектар на вештини и знаења во областа на градежништвото. Од останатите услуги кои ги нуди ФМС ги имаме користено нивните услуги за одржување на хигиената и може да заклучам дека нивните хигиеничари се високопрофесионални вработени кои темелно си ги извршуваат своите активности. Експертизата и услугите кои ги обезбедува ФМС се со највисок стандард и не би имале никаква дилема дали да ги ангажираме за нашите идни градежни проекти. Се надеваме дека соработката меѓу „Musala Soft“ и ФМС ќе продолжи и би сакале да ја препорачаме оваа компанија за какви било поголеми или помали градежни проекти. Ако имате какви било дополнителни прашања слободно контактирајте ја нашата канцеларија.“


Мусала Софт ДООЕЛ Скопје
logo-embassy-japan
Амбасада на Јапонија

„Со овој допис потврдувам дека Амбасадата на Јапонија во моментот работи на голем проект за реконструкција, адаптација и опремување на деловен простор со Соравиа Груп Дооел. Главен изведувач и надзор на овој проект е ФМС – Фасилити Менаџмент Сервицес. Врз основа на досега сработеното, со задоволство може да кажеме дека ФМС е извонредна компанија со способен менаџмент и квалитетен тим, секогаш на висина на задачата и квалитетот на услугите што ги бара нашата амбасада. ФМС демонстрира брза реакција на многу наши барања надминувајќи ги тешкотиите кои произлегуваат од степенот на сложеност на нашиот заеднички проект. Ја цениме нивната грижа за сите аспекти од проектот, нивните информации на кои секогаш може да се потпреме како и вниманието што го посветуваат на сите детали. Со задоволство ги препорачуваме ФМС на вашата компанија и доколку ви требаат дополнителни информации за придонесот на оваа компанија за проектот на Амбасадата, слободно контактирајте нè.“

Тојоказу Кубота
Советник
Sony-t

„Би сакале да го изразиме нашето големо задоволство од соработката со ФМС. Веќе неколку години ги користиме нивните услуги за реконструкција, адаптација и опремување на простор, услуги за одржување на хигиена и техничко одржување. Силно ги препорачуваме услугите на ФМС за грижа на вашите простории. Тие нудат квалитетни услуги за хигиена и нивниот персонал е професионален и учтив. Во текот на соработката со нив, ФМС се покажа како сигурен, доверлив и ефикасен партнер во работата.“


Sony Europe Limited
in2-t

„Го испраќам овој допис како препорака за компанијата ФМС. Соработуваме со ФМС шест години, период во кој стекнавме голема доверба и може да се потпреме на нив во секое време. Поконкретно, од сите услуги кои ги нудат, досега сме користеле единствено услуги за одржување на хигиена. Работата која ја вршат е одлична и ги исполнуваат сите поставени цели. Сигурен сум дека ФМС ќе биде вреден придонес кон работењето на вашата компанија.“


IN2 дооел
df-t

„Веќе три години ги користиме нивните услуги за реконструкција, адаптација и опремување при релокацијата во нашите нови простории, услугите за административна поддршка како и услугите за одржување хигиена, и сме комплетно задоволни од нив. Тие работат одлично, секогаш се точни и нудат услуги со разумни цени. Персоналот за одржување на хигиена е многу професионален и истовремено учтив и со пријателски однос. Силно ги препорачувам ФМС за грижа за вашите простории.“


Digital Finance International
Sava-t

„САВА Осигурување АД Скопје, ја потврдува успешната соработка со ФМС врз основа на потпишан договор за услуги за одржување хигиена. Добиваме висок квалитет и професионализам што ги исполнува барањата на Сава Осигурување АД Скопје и е во интерес на заедничката соработка меѓу двете компании. Им посакуваме проширување и раст на нивната дејност во иднина.“


Сава Осигурување АД Скопје
nextsense_wp

„Со задоволство ја даваме оваа препорака за ФМС. „Nextsense“ ги користи услугите за одржување на хигиена од 2017 година. Тимот на ФМС врши исклучителна работа и располага со висока професионална работна етика. Може да кажам дека сме многу задоволни со нивните услуги за управување и за извонредната корисничка грижа што ја добиваме. ФМС би биле голем плус за секоја организација.“


Nextsense
A1 logo
A1

„Со цел постигнување на нашите зацртани цели и остварување на подобра услуга и корисничко искуство за нашите клиенти, ја ангажиравме специјализираната компанија ФМС за одржување на нашите продажни објекти во целата земја. Работиме со ФМС од 2018 година и досега тие навремено се грижат за сите работи поврзани со нашите објекти и простори. ФМС се одговорни за сите технички поправки кои може да се случат во нашите продажни места насекаде во земјата. Тие се одговорни да реагираат 24/7, секогаш кога ќе се појави некаков проблем. Задоволни сме со досегашното нивно работење и воопшто довербата што ја имаме во нив. Имајќи го во предвид изнесеното, ви ги препорачуваме нивните услуги.“

Миле Георгиев
Раководител на Секторот за купопродажба, логистика и управување со објекти
Asset 1

ФМС е овластен претставник за LG комерцијална климатизација

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ  

ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 3,

1000, Скопје, Р. Северна Македонија

+389 (2) 3 222 246

+389 71 99 00 33

contact@fms.com.mk

Ако сте заинтересирани да станете дел од тимот на ФМС, кликнете ТУКА за да ги видите отворените работни позиции.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ 

ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 3

1000 Скопје, Р. Северна Македонија

+389 (2) 3 222 246

+389 71 99 00 33

contact@fms.com.mk

Ако сте заинтересирани да станете дел од тимот на ФМС, кликнете ТУКА за да ги видите отворените работни позиции.