Кариера

Отворени позиции

Потребни квалификации:

  • Завршено високо техничко образование, предност имаат Архитекти и Градежни инженери.
  • Искуство во работата најмалку 3 години (проектирање, надзор и изведба).
  • Способност за координација на повеќе проекти истовремено.
  • Познавање на Англиски јазик.
  • Напредно познавање на работа со компјутери, задолжително познавање на AutoCad програм, работа во Microsoft Word, Excel и Power Point
  • Возачка дозвола Б категорија.

Опис на работата:

  • Одговорен за водење на проекти, изведба и надзор за објекти од различни категории. Предност кандидати со искусво во водење проекти за административно-деловни објекти и канцелариски простор.
  • Одговорен за следење на сите работни активности поврзани со проектот, планирање, организирање, координација и контрола во сите фази на проектот. (архитектура, електрични инсталации, термотехника, водовод и канализација, ППЗ и БЗР)
  • Водење деловна коресподенција, писмена комуникација и договарање со оперативни контакти.
  • Водење евиденција во работни налози, составување градежен дневник и градежна книга.
  • Буџетирање на проекти, изготвување трошковни калкулации и формирање на цени.
  • Координација на состаноци и водење на записници од истите.
  • Координација со останатите сектори во компанијата.
  • Координација со тимот за техничко одржување
  • Останати активности.

Што нудиме:

  • Мотивирачка атмосфера и плата по договор
  • Полно работно време од пон-пет
  • Колективно осигурување од несреќа
  • Можност за напредување во кариера